Husamedin Gina
04 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Со пристигнување на авионот на „Нордвинд“ денеска попладне на Меѓународниот аеродром Скопје официјално е означено воспоставувањето на директната авиолинија Москва – Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Отворањето на директната авиолинија го одбележаа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на „Нордвинд“, Глеб Богданов кои по пристигнувањето на авионот од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје дадоа изјави за медиумите.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека воведувањето на линијата од страна на една од најголемите руски авиокомпании „Нордвинд“ е од особено значење за граѓаните на Република Северна Македонија и на Руската федерација.
„Со ова авиолинија ги овозможуваме и ги обновуваме новите можности за унапредување на соработката во економијата, инвестициите, туризмот како и културните врски помеѓу двете земји“, нагласи министерот Бочварски.
Новата линија ја поздрави и директорот на ТАВ, Метин Батак.
Истакнувајќи дека се многу среќни што авиокомпанијата „Нордвинд“ се одлучи да почне да се обраќа со летови на релација Москва-Скопје, директорот Метин Батак рече дека воздушната врска меѓу двете земји се отвара по 20 години пауза.
„ТАВ силно верува дека авиолинијата Москва-Скопје има огромен потенцијал и дека ќе биде од корист и за деловните патници и за патниците кои патуваат од рекреативни причини“, нагласи Батак.
Директорот на ТАВ, Батак, наведувајќи дека летовите меѓу двата града ќе ги унапредат и деловните односи меѓу двете земји, рече дека влезот на авиокомпанијата „Нордвинд“ на македонскиот пазар е сигнал дека доаѓаат добри денови, по Ковид-19 кризата.
Амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин потсети дека по 20 годишна пауза обновени се директните летови помеѓу Москва и Скопје.
„Би сакал да ја поздравам руската компанија која е позната по високо ниво на сервисот и безбедноста на летови. Особено е пријатно што таа покажа одредена храброст со одлука да започне летови во нова насока во еден од најтешките периоди за развој на економијата и туризмот во светот“, нагласи Баздникин.
Амбасадорот исто така истакна дека авиокомпанијата „Нордвинд“ нуди летови во повеќе од 200 дестинации и врши авионски превоз од 95 градови во 20 земји во светот со над 650 летови неделно.
Претставникот на „Нордвинд“, Глеб Богданов, напоменувајќи дека има голем интерес за новата директна линија Скопје-Москва, рече дека овој лет е дополнително атрактивен затоа што во Северна Македонија не се потребни визи за руските граѓани.