Andelija Stojkovic
06 Март 2020•Ажурирај: 08 Март 2020
БЕЛГРАД / ПАНЧЕВО (AA) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека им дал налог на Војската на Србија, Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција да подготват планови, доколку дојде до загрозување на националната безбедност во текот на мигрантската криза, Србија да ги затвори границите, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Кога би дошло до загрозување на националната безбедност на Србија, ние херметички би ги затвориле нашите граници“, рече Вучиќ во изјава за медиумите по положувањето камен-темелник за фабрика во Панчево и додаде дека се надева дека до тоа нема да дојде.
Тој рече дека Србија за 12 часа може херметички да ја затвори границата, но дека се надева дека до таква ситуација нема да дојде.
Вучиќ рече дека Србија покажува хуманост кон мигрантите, но дека не сака Србија да биде жртва.
„Ние да бидеме единствената жртва и некој да мисли дека тоа треба да бидат земјите од Западен Балкан, тоа нема да се случи“, порача Вучиќ.