Agim Sulaj
06 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) – Претседателката на Парламентот на Косово, Вјоса Османи, на официјална средба го пречека претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Средбата која беше реализирана во канцеларијата на Османи во Парламентот на Косово во Приштина, е првата официјална средба меѓу Османи и Џафери.
Во соопштението на Парламентот на Косово се наведува дека за време на средбата Османи и Џафери разговарале за можноста за соработка меѓу двата парламенти во областа на размена на парламентарните искуства, процесите за интеграција и регионалните иницијативи.
„Двајцата соговорници се согласија дека официјализирањето на членството на Северна Македонија во НАТО придонесува во мирот и стабилноста на безбедноста во нашиот регион“, се нагласува во ова соопштение.
Ваквата размена на искуства беше оценета со посебен интерес поради географската близина помеѓу Косово и Северна Македонија.