Stipe Mayic
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Точно во 7 часот беа отворени гласачките места низ Република Хрватска во вториот круг од локалните избори во кои се избира извршната власт: жупани, градоначалници и претседатели на општини, кои со натполовично мнозинство гласови победата не ја однесоа во првиот круг на избори одржани пред 14 дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборниот молк започна на полноќ, од петок кон сабота, и ќе трае до затворањето на гласачките места во 19 часот. Во овој период, било каква форма на промоција на кандидатите или објавување на проценки за изборните резултати ќе се санкционираат со казни од 3.000 до 500.000 куни (400 до 68.000 евра).
Право на глас имаат 2.791.000 хрватски граќани кои живеат на територијата на Хрватска, впишани во регистарот на гласачи, кои ќе гласаат на 4.473 избирачки места.
Хрватските државјани со право на глас бираат осум жупани, градоначалник на Загреб, кој има статус на жупанија, градоначалници на 54 градови и претседатели на 102 општини.
Се бираат градоначалници на четирите најголеми градови во Хрватска: Загреб, Риека, Осиек и Сплит, но исто така и на Метковиќ, Вараждин, Дубровник, како и жупани на Сплитско-далматинската Вараждинска жупанија.
За вториот круг од локалните избори ангажирани се околу 50.000 лица, а на терен околу 7.000 набљудувачи.
На гласачите им се предложени двајца кандидати кои во првиот круг од локалните избори имаа најголем број гласови, и доколку се случи кандидатите да добијат подеднаков број на гласови, изборите во тие единици на локалната самоуправа ќе се повторат за 14 дена.
Со оглед на поедноставната изборна процедура, од Државната изборна комисија (DIP) најавија дека првите изборни резултати на нивниот официјален веб-сајт ќе бидат објавени најрано во 20 часот, а до 23 часот се очекува да се обработат 99 до 100 отсто од избирачките места.
Во првиот круг од локалните избори излезноста изнасуваше малку повеќе од 46 отсто од гласачите, а во ДИК очекуваат слична излезност и во вториот круг, во кој ќе бидат избрани локални претставници со мандат од четири години.