İhvan Radoykov
04 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
СОФИЈА (АА) - Во несреќата којашто се случи откако во Пазарџик, Бугарија, се превртел минибус со мигранти, загинаа десет лица, а седум од нив се сериозно повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации на полицијата возилото било управувано од 17-годишно момче кое немало возачка дозвола. Постои сомнение дека несреќата се случила откако возачот, којшто го управувал возилото со прекумерна брзина, изгубил контрола врз минибусот.
На местото на несреќата смртно настрадаа десет машки лица без документи за идентификација, за кои се претпоставува дека потекнуваат од Авганистан.
Повредените седум лица, меѓу кои се наоѓа и возачот, се префрлени во болницата во оваа област. Во моментот е покрената истрага за овој настан.