Stipe Majic
06 Декември 2022•Ажурирај: 07 Декември 2022
ЗАГРЕБ (АА) – Министерството за одбрана на Република Хрватска извести дека авион МИГ-21 се урнал за време на планска активност за обука во ненаселено шумско подрачје во Вировитско-подравската жупанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Авион на Хрватското воено воздухопловство МИГ-21 се урна за време на планска активност за обука во вторник, 6 декември, 2022 година пред 14 часот на подрачјето кај Слатина во Вировитско-подравската жупанија. Преземени се сите мерки и дејствија со цел пронаоѓање и спасување на екипажот“, се наведува од Министерството за одбрана.
Според неофицијални информации, со еден од двата пилота на МИГ-от е воспоставен контакт, додека се трага по другиот пилот.