Fatjon Cuka
06 Декември 2022•Ажурирај: 07 Декември 2022
ТИРАНА (АА) - Паралелно со одржувањето на Самитот Европска Унија (ЕУ) - Западен Балкан, во Тирана се одржа протест со поддршка на пратениците на опозициските партии, Демократската партија на Албанија и Партијата за слобода, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестот, според организаторите, е одржан за „заштита на европските вредности“, проследен со повикот „Ја сакаме Албанија како цела Европа“.
Протестот беше проследен и со инциденти.
На протестот организиран на булеварот „Народни херои“ во Тирана беа присутни стотици приврзаници на опозицијата, како и поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, и поранешниот претседател на Албанија и претседател на Партијата за слободата, Илир Мета.
За време на протестот едно лице го нападна и го удри поранешниот премиер Бериша, кој притоа искрвави, со што беа предизвикани тензични моменти.
Подоцна, за време на говорот на протестот, Бериша рече дека „Албанија денес е во егзистенцијална опасност поради мртвиот глас“.
Од друга страна, за време на говорот на протестот, Мета рече дека „времето на зборови и говори мора да отстапи место за времето на дејствување“.
Албанската полиција и другите безбедносни служби презедоа дополнителни мерки за успешно одвивање на самитот и протестот, ангажирајќи стотици дополнителни полициски сили.