Балкан, Коронавирус

Во Хрватска од последици на Ковид-19 починаа 48 лица, 4.080 новозаразени

„Бројката на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 22.408“, соопшти Штабот за цивилна заштита

Stipe Majic  | 27.11.2020 - Обновена : 27.11.2020
Во Хрватска од последици на Ковид-19 починаа 48 лица, 4.080 новозаразени

ЗАГРЕБ - Во последните 24 часа регистрирани се 4.080 нови случаи на Ковид-19 и 48 смртни случаи како последица на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Бројката на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 22.408“, соопшти Штабот за цивилна заштита на Хрватска.

Меѓу нив, 2.240 пациенти се под лекарски третман, од кои 266 се наоѓаат на респиратор.

„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, досега се детектирани 119.706 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.600 починаа. Вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 95.698 , од кои 3.349 во последните 24 часа“, соопшти Штабот за цивилна заштита.

Во самоизолација во моментов се наоѓаат 51.514 лица.

Досега во Хрватска се тестирани 724.820 лица, од кои 11.091 во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın