Vesna Besic
20 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
САРАЕВО
Во изминатите 24 часа во Словенија се потврдени 111 позитивни на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Владата на Словенија, во ист период тестирани се 2.288 лица. Од последиците на заразувањето со коронавирусот, во изминатите 24 часа почина едно лице.
Хоспитализирани се 66 лица, а на одделните за интензивна нега се наоѓаат 13 пациенти. Озравени се пет лица.