свет, Коронавирус

Во Иран бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 24.301

Во земјата дијагностицирани се уште 3.097 случаи на овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 422.140

Muhammet Kurşun  | 20.09.2020 - Обновена : 20.09.2020
Во Иран бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 24.301

ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 24.301, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 183 лица.

Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 24.301.

Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 3.097 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 422.140.

Според Лари, 3.898 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 359.570 лица.

Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 3.746.629 тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın