Балкан

Во Скопје се одржа протест против судската одлука за Абдулфетах Алими

Учесниците на протестот извикуваа слогани како: „Нема правда, нема мир”, „Да спасиш човек не те прави терорист”, „Слобода за Фета Алими”...

Abdula Berisha  | 22.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
Во Скопје се одржа протест против судската одлука за Абдулфетах Алими (Foto: Vedat Abdul/ AA)

СКОПЈЕ (АА) – Неколку стотици граѓани маршираа во Скопје, барајќи поништување на судската одлука за Абдулфетах Алими, кој што е осуден на 7 години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).

На 15 март, судот го прогласи за виновен Абдулфетах Алими, вработен како дел од обезбедувањето на Собранието на Република Северна Македонија, заедно со 15 други осомничени за настаните на 27 април 2017 година во Собранието. Осудените се сомничат за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок”.

Протестот започна во плоштадот „Скендебег”, а учесниците на протестот маршираа до зградата на Судот од каде што пред една недела се донесе одлуката за Алими. Учесниците на протестот извикуваа слогани како: „Нема правда, нема мир”, „Да спасиш човек не те прави терорист”, „Слобода за Фета Алими”, и други.

Во име на иницијативниот одбор за протестот, на присутните им се обрати Аиде Јашари, член на семејството на Абдулфетах Алими. Таа рече дека семејството и учесниците на протестот бараат правда, а не милост.

„Точно во моментот кога ние очекувавме Фетах да биде одликуван и награден за неговиот херојски чин што го направи во 27 април, кога ги брананеше пратениците во Собранието, тој е осуден и еднакво третиран со насилниците кои што сакаа да ги убијат пратениците. Ова е многу обесхрабрувачко и парадоксално поради фактот што се амнестираа вистинските виновници”, рече Јашари.

Таа исто така рече дека ова не може да се расбере поинаку, освен како „уште еден политички монтиран случај врз Албанците”.

Бурим Алими, синот на Абдулфетах Алими, им се заблагодари на учесниците на протестот, истакнувајќи дека единствено негово барање е правда за неговиот татко.

„Ние сме во 2019 година и уште нас како Албанци ни се случуваат вакви монтирани случаи”, рече Алими.

Во текот на протестите исто така беше речено дека ако е потребно, правдата за овој случај ќе се бара и во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Протестот се одвиваше мирно и не беа забележани инциденти.

Потсетуваме, вечерта на 27 април 2017 година, во хаотична ситуација, за претседател на Собранието беше избран Талат Џафери, а демонстрантите организирани од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои беа собрани пред зградата на Парламентот, влегоа на сила во зградата. Како резултат на насилството од страна на демонстрантите кон пратениците, беа повредени околу 100 луѓе, вклучувајќи пратеници, полицајци и претставници на медиумите.

За насилството во Собранието им беше судено на десетина луѓе, но и беше донесен Законот за амнестија од страна на Собранието, со што 15 лица беа помилувани и за нив беше прекината постапката.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.