Балкан

„Пресудата за Караџиќ не значи укинување на Република Српска“

„Во согласност со Дејтонскиот договор, еден од гарантите на неговото спроведување е Србија и нема да има никакво укинување на Република Српска. Тоа е централно и најважно прашање и тоа е реакција на Србија“, изјави Вучиќ.

Bojana Stojanovic  | 23.03.2019 - Обновена : 25.03.2019
„Пресудата за Караџиќ не значи укинување на Република Српска“

БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со пресудата за Радован Караџиќ, кој во Меѓународниот механизам за кривични судови во Хаг правосудно е осуден на доживотен затвор, не значи дека ќе биде укината Република Српска. Вучиќ додаде дека се потполно нереални очекувањата дека пресудата има каква било врска со опстанокот на Република Српска, јавува Anadolu Agency (AA).

„За оние кои фантазираат дека пресудата може да значи укинување на Република Српска - мојот одговор е дека Република Српска е дејтонска и уставна категорија, а во согласност со Дејтонскиот договор, еден од гарантите на неговото спроведување е Србија и нема да има никакво укинување на Република Српска. Тоа е централно и најважно прашање и тоа е реакција на Србија“, изјави Вучиќ пред новинарите во Нови Сад.

Како што наведе, неговиот став во однос на првостепената пресуда за Караџиќ не се сменил, но смета дека е важно Србија да гледа кон иднината.

Жалбениот совет на Меѓународниот механизам за кривичните судови (MMKS), оваа седмица го осуди Радован Караџиќ за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, и ја зголеми првостепената казна од 40 на доживотен затвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.