Dzihat Aliju
24 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Турската хуманитарна фондација за човекови права и слободи (ИХХ), денес во Скопје се одржа вториот состанок на невладини организации од Балканот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на програмата насловена „Меѓународна обука за пишување проекти“ учествуваа 60 учесници од 29 невладини организации од Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Романија и Туркије.
Членот на Управниот одбор на ИХХ, Осман Аталај, во изјава за АА потсети дека првиот состанок од ваков формат е одржан минатата година во главниот град на Албанија, Тирана.
Тој рече дека минатата година разговарале заедно со невладините организации од десет балкански земји за проблемите, решенијата и иднината на невладините организации, како и за размена на идеи и искуства, соработка итн.
Како што нагласи, програмата се однесува на подготовка на општествени, културни, економски и комерцијални проекти на невладините организации и социјално-образовни проекти неопходни за споменатите земји, како и учење за развивање на формат за аплицирање за меѓународни грантови и фондови за помош.
„Ова е програма за соработка и помош меѓу невладините организации на Балканот за зајакнување на размената на информации и искуства, за барање заеднички решенија за нашите проблеми, како и за развој на институциите“, рече Аталај.
Тој нагласи дека на обуката, покрај земјите од Балканот, учествуваат и Австрија и Унгарија, и се заблагодари за поддршката на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), како и на АА која секогаш ги пренесува нивните активности до граѓаните.
Организаторите планираат вакви состаноци во наредните години да одржат во сите балкански земји.
Обуката вклучува курсеви за процесите на истражување и развој, како и иновации, техники за подготовка на проекти, апликации за проектни фондови и организации за поддршка на грантови, истражување на проектите, како и фази за менаџирање со проекти.