Cuneyt Davut
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје започна Третиот конгрес на анестезиолозите насловен како „Балкански денови на анестезиолози“ кој ќе трае три дена, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на Конгресот, кој го организираат Македонската асоцијација на специјалисти по анестезија и Турската асоцијација на специјалисти за анестезија и реанимација (ARUD) присуствуваа Македонскиот заменик-министерот за здравство на Македонија, Јовица Андоновски, Амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Теоман Тирјаки, претседател на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров, претставници на лекарски организации и голем број гости.
На Конгресот кој е организиран со поддршка на ТИКА, чија главна тема е „Ортопедскa aнестезија и интензивно лекување“, учество ќе земат претставници од 14 земји со свои презентации на медицинска тематика.
По изведбата на националните химни на Македонија и Турција, зборуваше Претседателот на Македонската асоцијација на специјалисти по анестезија, Андријан Карталов кој истакна дека на овогодишниот конгрес, покрај специјалистите по анестезија од балканските земји, учествуваат и специјалисти анестезиолози од неколку европски земји.
„На сите учесници им посакувам конгресот да биде незаборавен настан. Исто така се надевам дека учесниците со студиите кои ќе се обработуваат на конгресот ќе дадат свој удел во унапредувањето на полето на Ортопедскa aнестезија и интензивно лекување“, зборуваше Карталов и истакна дека му причинива задоволство што се домаќини на овој конгрес.
Претседателката на Турската асоцијација на специјалисти за анестезија и реанимација (ARUD), Мерал Канбак во своето протоколно обраќање истакна дека овој тип на настани овозможува меѓусебно запознавање на специјалистите, размена на информации и меѓусебна соработка.
„Наша најголема желба е благодарение на нашите споделени културни вредности формирање на заедничка визија, која ќе ја проолжи меѓусебната соработка меѓу асоцијациите и ќе овозможи оворганизација да ја издигнеме на едно повисоко ниво“, изјави Канбак и им се заблагодари на сите организации и поединци кои дале свој придонес во оргнизирањето на конгресот.
Амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил во спојот поздравен говор истакна дека соработката на Македонија и Турција е одлична на секое поле, додаде дека се надева соработката меѓу двете земји и на полето на здрвството ќе се издигне на највисоко ниво.