Ekipa
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 103 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 12.840, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека како последица на вирусот починати се три лица. Со тоа, вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 547.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупниот број на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 9.361.
Во моментот бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 2.932.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 912 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата реализирани се вкупно 127.196 тестирања.