Husamedin Gina
15 Октомври 2021•Ажурирај: 16 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 413 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 196.376, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 9 починати лица од Ковид-19, а дополнително, согласно регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06. до 09.10.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.901.
Институтот за јавно здравје регистрира 309 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 182.782.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 e 6.693.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 3.025 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања.