Admir Fazlagic
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија почувствуван е нов земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), извести дека епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Гостивар. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот со јачина од пет степени по Рихтеровата скала е регистриран утрово околу пет часот во во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири, а во Битола, Прилеп и околината со три степени.
Земјотресот се почувствува и во Албанија и Косово.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематикиот факултет во Скопје соопштија дека уште три земјотреси со локална магнитуда меѓу три и четири степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во државава, а во текот на денот се регистрирани и триесетина послаби потреси на тлото.
Според досегашните информации, граѓаните не пријавиле повреди, ниту материјална штета причинета од земјотресите.