Admir Fazlagic
12 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.321 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на регистрирани случаи на Ковид-19 досега во земјата, во едно деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани пациенти во земјата се искачи на 42.540.
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 26 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјаа се искачи на 1.212.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 25.353. Бројката на активни случаи на Ковид-19 изнесува 15.975.
Досега во земјата се направени вкупно 279.770 тестирања на Ковид -19, од кои во последните 24 часа се направени 3836 тестирања.