Abdula Berisha
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 136 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на заразени со овој вирус во земјата се искачи на 5.445, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 8 смртни случаи, со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 порасна на 259.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти е 2.091.
Во моментот, бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 3.095.
Во последните 24 часа направени се 1.208 тестирања за Ковид-19. Досега во земјата се извршени вкупно 54.456 тестирања за овој вирус.