Sanela Crnovrsanın
07 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
ЉУБЉАНА (АА) – Во џамијата „Љубљана“, која е единствена џамија во Љубљана, главниот град на Словенија, денеска се клањаше првата петочна молитва (џума намаз), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стотици муслимани од различни градови во земјата се собраа на првата петочна молитва во џамијата „Љубљана“, единствената џамија со минаре во Словенија, чија изградба беше завршена неодамна.
Словенечкиот муфтија Неџад Грабус ја изврши првата петочна молитва во џамијата, чие официјално отворање е предвидено да се одржи во јуни.

Џамијата со својата модерна архитектура инспирирана од Ќаба, со нејзиното минаре долго 40 метри и нејзината надворешност која потсетува на старите дворци во Босна и Херцеговина ги воодушеви муслиманите кои денеска дојдоа во џамијата за петочната молитва.
Првата иницијатива за изградба на џамија во Љубљана беше започната во 1969 година, но немаше некој резултат.
Исламската верска заедница на Словенија во 2008 година го купи земјиштето на кое е изградена џамијата, додека во 2013 година беше поставен нејзиниот камен-темелник.
Џамијата има капацитет од 1.400 лица, а нејзината изградба чинеше околу 34 милиони евра.
Оваа џамија е изградена со поддршка на Катар, исто така и турската Фондација „Дијанет“ имаше голем придонес во нејзината изградба.