Балкан

Во Македонија, Албанија и Косово прослава по повод изборната победа на Ердоган

Вечерва во Скопје се одржа прослава по повод успехот кој го постигна претседателот на Турција и АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган на денешните избори одржани во Турција.

Furkan Abdula  | 25.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Во Македонија, Албанија и Косово прослава по повод изборната победа на Ердоган (Foto: Furkan Abdula/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје се одржа прослава по повод успехот кој го постигна претседателот на Турција и АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган на денешните избори одржани во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Голем број од граѓаните кои се собраа пред Мурат-пашината џамија во Старата скопска чаршија, носеа турски знамиња и фотографии на турскиот претседател Ердоган.

На прославата беа присутни голем број Турци, Албанци и Бошњаци, кои искажуваа пароли за поддршка на Ердоган и Турција.

Еснафот на Старата скопска чаршија бесплатно делеше баклава по овој повод.

Младиот скопјанец Хамза Сулејман истакна дека вечерва се собрале по повод успехот на Ердоган.

Тој рече дека се среќни поради успехот на турскиот претседател и изрази надеж дека тој ќе напредува уште многу повеќе. Рече дека секогаш го поддржувале и дека и во иднина ќе го поддржуваат.

Освен во Скопје, прослави се одржаа и во Гостивар, каде што жителите на овој град излегоа на улиците и прославуваа со тапани.

Прослави по повод успехот на турскиот претседател Ердоган на денешните избори се одржаа и во другите градови во земјите од регионот.

Стотици граѓани на Призрен, во Косово, вечерва во центарот на градот ја славеа победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денешните претседателски и парламентарни избори.

Многубројни граѓани кои се собраа пред Генералниот конзулат на Република Турција во Призрен, славеа со песна и извици за поддршка на претседателот Ердоган.

Граѓаните носеа турски знамиња, фотографии на Ердоган, постери на АК Партијата и косовски и албански знамиња.

Голем метеж од луѓе кои славеа имаше на главната улица во центарот на градот. Многу граѓани славеа и со автомобили, така што формираа долга колона. И тие носеа фотографии на претседателот Ердоган. 

И граѓаните на главниот град на Албанија, Тирана, го прославија успехот на изборите на претседателот Ердоган. Тие се собраа во неколку улици на главниот град, славејќи со знамиња на Турција и Албанија, истовремено следејќи ги изборните резултати. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın