Zylfije Adem Jakupi
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во последните 24 часа во Косово нема починати од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19, а регистрирани се 54 новозаразени со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за здравје на Косово соопшти дека е извршено тестирање на 670 примероци, од кои 54 биле позитивни.
Од почетокот на пандемијата досега во Косово се спроведени 67.294 тестирања, од кои 15.574 беа позитивни. Како последица на вирусот досега починаа 625 лица.
Во последните 24 часа регистрирани се 72 оздравени пациенти, а вкупиот број на оздрвени се искачи на 13.492. Во моментов има 1.457 активни случаи на Ковид-19.