Husamedin Gina
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 112 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 17.786, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 8 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 737.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.801.
Во моментот активни се 2.248 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 187.080 тестирања за Ковид-19.