Bakir Tiro
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
САРАЕВО
Во Босна и Херцеговина последните 24 часа се регистрирани 363 лица позитивни на Ковид-19, како и 8 смртни случаи како последица на заразеност со коронавирусот, што претставува најлош ден во БиХ од почетокот на пандемијата во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во ентитетот Федерација БиХ животот го загубија 5 лица, додека во ентитетот Република Српска регистрирани се 3 смртни случаи од инфицираност со коронавирусот.
Во БиХ последите 24 часа се тестирани 1.669 лица, односно 994 во ФБиХ од кои 227 биле позитивни и 675 во РС, меѓу кои 136 лица биле позитивни на коронавирусот.