Ekip
06 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Низ џамиите на балканските земји, муслиманските верници го клањаа првиот терави намаз по повод почетокот на светиот месец Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици верници во главните градови Скопје, Тирана и Приштина, но исто така и во другите градови, се собраа во џамиите за терави намазот.
Како и во сите други џамии во земјата, и Мустафа-пашината џамија во Скопје беше преполнета од муслиманските верници за терави намазот. Дел од верниците ја извршија молитвата во дворот на џамијата, откако внатрешноста беше исполнета.
Во Албанија верниците ги извршија своите верски обреди, а во Тирана најфреквентна џамија од страна на верниците беше џамијата „Табак“, каде што се собраа голем број верници.
Во Приштина, џамијата „Султан Мехмет Фатих“ беше централната џамија која ги собра повеќето муслимански верници. Стотици верници, поради неповолните временски услови, не беа во можност да го користат дворот на џамијата, молејќи се само во нејзините внатрешни простории.
Терави намазот се клања секоја вечер за време на месецот Рамазан.
Рамазан е деветтиот месец од хиџретскиот календар кој муслиманите го поминуваат во пост од рано наутро до заоѓањето на Сонцето, настојувајќи да го стекнат Божјото задоволство, моралното прочистување и духовната сила.