Fatjon Cuka, Dzihat Aliju
27 Август 2021•Ажурирај: 29 Август 2021
ТИРАНА (АА) - Во Албанија пристигнаа 121 Авганистанец кои беа евакуирани од Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија.
Во соопштението се наведува дека 121 Авганистанец, меѓу кои и 11 бебиња, пристигнале на Аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана.
Авганистанците кои привремено ќе престојуваат во Албанија, на аеродромот беа пречекани од страна на албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, амбасадорката на САД во Тирана, Јури Ким, претставници на Вооружените сили на Албанија, како и претставници на други институции.
Министерката Џачка нагласи дека Албанците покажале солидарност, гостопримство и великодушност, додавајќи дека ова е емотивен момент за нив.
Таа рече дека нејзината земја прифатила привремено да засолни околу 4.000 Авганистанци, и дека во меѓувреме продолжуваат процедурите за нивно мигрирање во САД.
Евакуираните Авганистанци, откако ќе ги поминат здравствените контроли, ќе бидат сместени во Драч.