Vesna Besic
23 Октомври 2020•Ажурирај: 24 Октомври 2020
САРАЕВО
Исмет Касумагиќ, истакнат бошњачки интелектуалец, еден од најблиските соработници на првиот претседател на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ и еден од членовите на групата бошњачки интелектуалци против кои е воден Сараевскиот процес во 1983 година, вчера почина во 93. година од животот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот внук, градоначалникот на Сараево, Абдулах Скака.
Касумагиќ беше долгогодишен член на Организацијата „Млади муслимани“, во која се зачленил во далечната 1943 година како 15-годишно момче.
Како и повеќето припадници на „Млади муслимани“, беше уапсен од комунистичките власти по завршувањето на Втората светска војна, а најголемиот дел од работниот век го помина во Зеница, во Металуршкиот институт. Беше и професор на Факултетот, а и министер во првата демократска Влада на Република Босна и Херцеговина. Исто така, беше и ректор на Универзитетот во Бихаќ.