Bedrudin Brlyavac
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ЉУБЉАНА (AA) - Владата на Словенија моментално подготвува нов закон со кој на младите во оваа земја значително ќе им биде олеснето купување стан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Словенија Марјан Шарец се состана со Националниот совет за млади и во таа пригода вети помош од државата на оние семејства кои купуваат прв стан така што жирант за кредитот би била токму државата.
Нацрт законот кој на младите би им овозможил полесно да дојдат до стан го подготви Министерството за финансии и ќе се најде на јавна расправа до крајот на овој месец.
Шарец истакна дека новите рестрикции на Централната банка на Словенија, која овој месец воведе поостри улови за потрошувачки и други кредити, би можеле посебно да ги погодат младите луѓе.
Централната банка кон почетокот на ноември ги заостри условите за одобрување потрошувачки кредити, со оценка дека нивниот претеран раст може да предизвика финансиска нестабилност.
Од сега таквите кредити можат да се добијат на рок не подолг од седум години, а на заемопримачите по отплата на ратата мора да им остане најмалку 76 отсто од месечното примање.
Премиерот Шарец по состанокот со младите изрази очекување дека новиот станбен закон кој го предлага неговата влада исто така ќе овозможи изградба на повеќе јавни станови за изнајмување под многу поволни услови.