Балкан

Шекеринска: „Северна Македонија има што да му понуди на НАТО“

- Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска, во својот говор при отворањето на Меѓународната научна конференција „MILCON 19“, рече дека земјата докажува дека може да придонесе со членство во Алијансата

Abdula Berisha  | 12.11.2019 - Обновена : 13.11.2019
Шекеринска: „Северна Македонија има што да му понуди на НАТО“ Foto: Abdula Berisha - AA

СКОПЈЕ

Вицепремиерката и министерка за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска, ја отвори Меѓународната научна конференција „MILCON 19“, посветена на современото образование засновано на напредно учење на далечина, јавува Anadolu Agency (AA).

Истакнувајќи ја важноста на науката, Шекеринска рече дека одлуките што ги донесуваат политичарите ќе бидат подобри доколку произлегуваат од прагматична анализа заснована врз аргументи.

„Особено сум радосна што како идна членка на НАТО Алијансата, нашата земја има што да понуди и на полето на информатичката технологија. Доаѓам од настан на Воената академија, каде што заедно со нашите партнери, Кралството Норвешка и другите учесници, покажавме дека и на полето на информатичките технологии имаме што да понудиме“, рече Шекеринска.

Министерката за одбрана исто така рече дека со членството на Северна Македонија во НАТО, со вакви активности и со кадрите кои произлегуваат од Воената академија, земјата докажува дека може да придонесе со членство во Алијансата.

„Искуствата коишто ги изнесовте и ќе ги изнесете на оваа конференција се многу важни за сите кои се дел од овој спектар на професии собрани под чадорот на военото образование и информатичките технологии. Спојувањето на овие две области дава фантастичен резултат којшто може да биде во служба на општото добро, во служба на безбедноста, на мирот и на просперитетот“, рече Шекеринска.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.