Dejan Maksimovic
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
СРЕБРЕНИЦА
Серж Брамерц, главниот обвинител на Механизмот за меѓународни кривични судови на комеморацијата по повод 25. годишнина од геноцидот во Сребреница рече дека геноцидот во Сребреница беше еден од најмрачните моменти во поновата историја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Денес се собираме во знак на сеќавањето на илјадници татковци, браќа и синови убиени пред 25 години. Иако денес можеме да бидеме заедно само со духот, ние исто така не сме сами. Ширум светот многумина ќе застанат денес да оддадат почит на сеќавањето на Сребреница. Геноцидот во Сребреница беше еден од најмрачните моменти во поновата историја. Уште еден геноцид во срцето на Европа, само две генерации по холокаустот. Високите раководители, пред очите на светот, користејќи ја пропагандата ја потткинуваа етничката омраза и ги дехуманизираа своите соседи. Луѓето од врвот можат да ја користат таа моќ да вршат терор и да уништуваат, само поради тоа што жртвите беа муслимани", рече Брамерц.
Брамерц уште еднаш напомена дека се угасени животите на повеќе од 7.000 машки лица и деца. 35.000 жени, деца и повозрасни лица се злоставувани и протерани од своите домови.
„Заедницата која беше длабоко врзана за тие простори едноставно е елиминирана. Мојата прва посета на Сребреница во 2010 остави длабока трага врз мене. Поминав многу часови со жртвите и со преживеаните. Ги раскажаа своите приказни и ми ги покажаа последните фотографии на своите најмили. Разговаравме за дискриминацијата и стравов со кој повратниците денес се соочуваат. Ми говореа и за своите стравови за иднината, за своите внуци и правнуци. За времето кое го поминавме заедно, Мајките на Сребреница ме научија на една важна лекција. За најголем дел од светот, Сребреница е нешто што се случи пред 25 години. Но за жртвите и преживеаните, животот застана пред 25 години. А геноцидот и понатаму е во средиштето на нивната реалност. Тоа е вистинската мерка на болката која ја нанесува геноцидот. Да се уништи една група значи да се создаде празника која повеќе никогаш нема да може да биде пополнета", порача Брамерц.
Како што наведе, чест му е што како главен обвинител на МКСЈ и сега на Механизмот, можел блиску да соработува со жртвите на Сребреница и со жртвите од целата поранешна Југославијаа во борбата за правда.
„Во судницата ги гледав преживеаните од геноцидот како се соочуваат со оние кои се обидоа да ги убијат. Ги видов мајките како повторно ги преживуваат своите најмрачни моменти за да светот може да дознае за нивната болка. И видов како дури и најмоќните луѓе можат да се понижат со гласовите на своите жртви. Низ сведочењата на жртвите и преживеаните, МКСЈ, заклучи дека во Сребреница е извршен геноцид. Меѓународните судии потврдија дека тој геноцид беше планиран на највисоки ниво на политичките и воени раководства, со цел да се елеминира муслиманско бошњачко население на Сребреница. Поголем број од тие високи раководители сега е осуден за своите злосторства", наведе Брамерц.
Како што вели, никогаш нема заборави кога биле уапсени Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.
„Тоа претставуваше значително достигнување за меѓународната правда. Моето чувство дека со тоа, на свој скромен начин, подобро ги исполнивме очекувањата кои жртвите ги имаа од нас. Драги пријатели, ова комеморација не би требала да се однесува само на минатото. За да вистински оддадеме почит на сеќавањето на оние кои ги загубивме пред 25 години. и да оддадеме признание на жртвите и преживаните кои денес се меѓу нас, наша одговорност е да се бориме за правдата и вистината. Пред пет години, говорев во Обединетите нации за 20 годишнина од геноцидот. Мојата порака во еден дел беше повик на соочување со негирањето на геноцидот. Како што тогаш реков „за да го почитуваме минатото, Сребреница мораме да ја нарекуваме со нејзиното вистинско име - геноцид. За да ја изградиме иднината, мораме едногласно да го осудиме секое негирање". За жал, негирањето на геноцидот и глорификација на осудените воени злосторници се уште пораспространети денес отколку пред 5 години", додаде Брамерц.
Тој предупреди дека политичките лидери во Република Српска и Србија продолжуваат да го негираат геноцидот.
„Школските учебници во Босна и во дргите места во регионот не ја говорат вистината за геноцидот. Политичките лидери, особено во Република Српска и Србија, продолжуваат да го негираат геноцидот. Оние поекстремните, го нарекуваат превара или мит, додека оние кои се обидуваат да одржат одреден привид на софистицираност водат полемика за правните концепти како квазиексперти. На тоа мора да му се стави крај. Меѓународната заедница веќе предолго се надева дека овој проблем едноставно ќе исчезне. Нема. Со понатамошно телерирање на геноцидот, во било кој облик, ги изневеруваме жртвите на Сребреница уште еднаш, како што тоа го направивме пред 25 години. Сите мораме да ја спроведуваме политиката на нулта толеранција кога станува збор за негирање на геновидот, токму како што тоа го правиме со расизмот и за другите облици дискриминација. Негирањето на геноцидот заслужува многу повеќе поддршка. Во заклучокот, да ја одбележувме оваа 25 годишнина на геноцидот во Сребреница не само со зборови, туку со дела. Тоа би била навистина примерна почит кон жртвите и преживеаите, и сеќавање на Сребреница. Ви благодарам што ми дозволивте денес да Ви се придружам", заклучи Брамерц.