Andjelija Stojkovic
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
БЕЛГРАД (АА) - Русија не се меша во внатрешните прашања на ниту една земја, но секоја нестабилност на Западниот Балкан влијае лошо на меѓународните прилики, и Русија ја споделува загриженоста на Србија и ја поддржува нејзината политика, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов, на состанокот со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (АА).
Вучиќ изјави дека постојат безбедносни предизвици на Западниот Балкан, како што е формирањето на војската на Косово, но дека Србија е определена за мир, стабилност и за регионална соработка, се наведува во соопштението на Владата на Србија.
Тој додаде дека Србија е цврсто определа за тоа прашањата со Косово да ги решава со дијалог, по дипломатски и мирен пат.
Вучиќ изјави дека преку надворешнополитичките активности, Србија се залага за мирно решавање на сите регионални кризи, со уважување на интересите на сите страни.