Bedrudin Brljavac
12 Јули 2022•Ажурирај: 15 Јули 2022
БЛЕД (АА)
Бројни туристи и оваа година го посетуваат Бледското Езеро кое се наоѓа на Јулијанските Алпи во северозападна Словенија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бледското Езеро се наоѓа во составот на истоимената општина и оддалечено е 55 километри од Љубљана. Бледското Езеро изобилува со природна убавина и богато историско наследство, што особено ги фасцинира посетителите од бројни делови на светот.
Познато е како глацијално езеро, односно глечерско или ледничко езеро, а тоа се видови езера кои се јавуваат најчесто во високите планински предели. Нивното настанување е поврзано со претходна ерозивна или акумулативна работа на глечер.
Ваков вид езера се карактеристични за постглацијалните предели, долините на глечери и високите планини кои биле или се зафатени со глацијација.
Бледското Езеро е долго 2.120 метри, широко 1.380 метри, со максимална длабочина од 30,6 метри.
Го опкружуваат планини и шуми, а на неговиот северен брег е средновековниот замок.
На средината на езерото е Бледскиот Остров, единствен природен остров во Словенија. На него има неколку градби, од кои најважна е црквата „Света Марија“, изградена во 15 век.
Ако се верува во старата легенда на жителите, на местото на црквата „Света Марија“ некогаш стоел храмот посветен на божицата Славена. Храмот е уништен во војните помеѓу паганите и христијаните, кои го уништиле и изградиле црква.
Обновена е во 15-от век во готички стил, но веќе во 1509 година е уништена во земјотрес поради што била потребна обнова, овој пат во барок, а мал број фрески успеале да бидат сочувани, како и дрвениот кип на Богородица.
Денешната црква последен пат е реновирана во 17-от век, главниот олтар обложен со злато датира од 1747 година. Ѕвончето високо 54 метри се состои од три ѕвончиња направени во Љубљана.