Dejan Maksimovic
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
САРАЕВО
Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа потврдени се 728 нови случаи на Ковид-19, додека 20 лица починаа од последиците предизвикани од вирусот, покажуваат најновите податоци на заводите за јавно здравство на ентитетите. Исто така, според податоците на Министерството за цивилни работи, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во БиХ надмина 1.000, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ, во изминатите 24 часа пријавени се резултатите од тестирање на 1.754 примероци, од кои 473 се позитивни на Ковид-19. Нови случаи се регистрирани во сите кантони во Федерацијата БиХ.
Досега тестирани се вкупно 184.117 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 22.967 лица. Заклучно со денес од вирусот се излекувани 17.759 пациенти, а во изминатите 24 часа евидентирани се 103 оздравени пациенти. Во моментов активни се 4.555 позитивни случаи на Ковид-19.
До Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ во изминатите 24 часа пријавени се 16 смртни случаи. Заклучно со денес, вкупниот број на смртни случаи во ФБиХ е 653, 437 мажи и 216 жени.
Во Република Српска, во последните 24 часа, извршено е тестирање на 817 лабораториски примероци, а новиот коронавирус (САРС-КоВ-2) е потврден кај 245 лица.
Во последните 24 часа, во Институтот за јавно здравство на РС пријавени се четири смртни случаи кај кои е потврдено присуството на новиот коронавирус.
Досега во Република Српска потврдени се 12.057 случаи на коронавирусот, а вкупно починале 343 лица кај кои е потврден Ковид-19.
Штабот за заштита и спасување на дистриктот Брчко објави дека во изминатите 24 часа потврдени се 10 нови случаи на Ковид-19.
Податоците од Министерството за здравство на Босна и Херцеговина, објавени денес, покажуваат дека во целата земја досега се потврдени 35.389 случаи на вирусот, има над 283.335 тестирања, додека 1.017 луѓе досега починале како последица на вирусот. Излекувани се 25.560 лица.