Zehra Ulucak
29 Септември 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
ЏАКАРТА (АА) - Во земјотресот со интензитет од 7,7 степени, што во петокот го потресе индонезискиот остров Сулавеси, по кој следуваше цунами, животот досега го загубија 1.203 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,7 степени што го потресе островот Сулавеси се наоѓа на 27 километри североисточно од подрачјето на Донгала, на длабочина од 10 километри. Во цунамито што настана по земјотресот, градовите Донгала и Палу беа погодени од бранови со височина од 3 до 6 метри.
Кон крајот на јули и во август, островот Ломбок беше потресен од земјотреси со интензитет меѓу 6,3 - 6,9 и 7 степени. Во оваа несреќа животот го загубија 563 лица, а повеќе од 450.000 лица беа погодени од земјотресот.
Индонезија се наоѓа во пацифичкиот „Огнен појас“, каде што тектонските плочи се судираат и предизвикуваат чести сеизмички и вулкански активности. Во земјотресот што на 26 декември 2004 година ја потресе Индонезија со интензитет од 9,1 степен и цунамито што следуваше по него, вклучувајќи ги и другите земји во регионот, животот го загубија 230.000 луѓе.