Bojana Stojanovic
03 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажа седница на Советот за национална безбедност на Србија, за сабота, 4 август, денот кога на Косово требаше да биде формирана Заедница на српските општини, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесуваат српските медиуми, седницата е свикана за утре во 08:00 часот.
На седницата ќе се разговара за тоа како да се заштитат српските интереси и народот на Косово.