Ekip
03 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
СОЛУН (AA) - Грчката полиција уапси осум мигранти осомничени за убиство на Пакистанец кој се обидел илегално да ја напушти земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата во петок е соопштено дека осум лица се осомничени за учество во инцидент на 23 јули, кога 29-годишен Пакистанец е избоден до смрт. Тој со тројца сонародници одел кон северната граница со Македонија.
Шест Авганистанци и двајца Пакистанци наводно ги ограбиле своите жртви во близина на границата, а настраданиот го изболе со нож. Неговото тело е пронајдено наредниот ден во близина на железничките шини.
Илјадници мигранти престојуваат во Грција, движејќи се кон земјите на Западна Европа.