Bojana Stojanovic
10 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
БЕЛГРАД
Третиот протест пред Собранието на Србија помина воглавно мирно, за разлика од претходните две вечери во Белград, јавува Агенција Анадолија (АА).
Голем дел од граѓаните седеа на платото пред оградата на Собранието, а кога деловите на собранитте граѓани стануваа, тие извикуваа „Седи доле".
Во текот на протестите, дојде до помала физичка пресметка помеѓу демонстрантите, а запалени се и факели. Имаше одредени инциденти. Во еден е нападнат еден од многумина камермани, присутни на улиците на Белград вечерва.
Дел од граѓаните во еден момент заигра и оро, а меѓу собраните можеа да се видат транспаренти „Седи доле, не наседнувај", но и икони.
За разлика од претходните вечери, полицијата не беше видлива.