Bojana Stojanovic
09 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
БЕЛГРАД
Граѓаните трета вечер се собраа пред Собранието на Србија и седнаа на платото пред зградата на парламентот за да порачаат дека станува збор за мирен протест против мерките на државата во борбата против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите седнаа на платото и држат транспаренти на кои пишува „Не наседнувај, седи" „Апси ги хулиганите, не тепај го својот народ".
Полиција, за разлика од вчера, нема пред Собранието.