Bojana Stojanovic
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
БЕЛГРАД
Околу 200 граѓани се собраа вечерва шестти пат на протестот пред Собрнието на Србија во Белград, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните пристигнаа на платото кај зградата на Собранието.
Полицијата се наоѓа од задната стрна на Собранието на Србија, а не напред каде се демонстрантите.
Во текот на изминатите вечери, доаѓаше до судири помеѓу демонстрантите и полицијата, гаѓана е полицијата со флаши, петарди и факели. Полицијата возвраќаше со солзавец.
Од вторникот, кога протестите тргнаа поради најавата за воведување на полициски час поради коронавирусот, повредени се и демонстрантите и полицајците, а напаѓани се и медумски екипи.
Полициски час немаше, а граѓаните продолжија со протестите поради мерките на владата во борбата против Ковид-19, но и поради фрлање на солзавец и реакциите на полицијата во текот на протестите.
Во Белград е во сила мерката за забрана за собирање за повеќе од 10 луѓе.