Andelija Stojkovic
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
БЕЛГРАД
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на видеосостанокот е договорено теми на состанокот на дијалогот со Приштина д бидат интерно раселените лица, исчезнатите и економијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој повтори дека се труди Србија да добие што повеќе и да изгуби што помалку и да врати дел од она што во Косово го загубила од 2000 до 2012 година.
Вучиќ додаде дека претседателот на Франција и канцеларката на Германија се многу заинтересирани за решавање на проблемот, поради ривалитетот со Соединетите Американски Држави (САД), но и затоа што знаат дека „замрзнатиот конфликт" не може да се држи засекогаш.
Претседателот на Србија рече дека во Европа секогаш доаѓа до вознемиреност кога некој ќе спомне повлекување на меѓународните трупи од Косово, бидејќи се грижат што ќе направат албанската, а што српската војска и дека судирите никому не му се потребни.
Говорејќи за 25. годишнината од геноцидот во Сребреница, Вучиќ рече дека Србија мора да покаже пиетет кон сребреничките жртви и дека тоа мора да го направи на вистински начин, бидејќи во спротивно, не може да бара почитување за своите жртви.
Тој рече дека во Србија мора да се говори „за ужасните злосторства во Сребреница и разбирањето на емоциите на Бошњаците", бидејќи Србите имаат такви чувства кон злосторствата во Втората светска војна.
Запрашан за поделбите во Србија дали во Сребреница бил геноцид или не, Вучиќ рече дека ставот на Србија се знае, но дека одправната квалификација е поважно што луѓето искрено чувствуваат и дека Србија сака најдобри односи со Бошњаците.
Запрашан за пресудата за Хусеин Мујановиќ, Вучиќ рече дека сите мораат да одговараат за воените злосторства, а дека единствен начин да одговараат оние кои ги извршиле злосторствата над Србите е донесување закон кој се однесува на цела Југославија.
Тој рече дека другата страна, оние кои ги вршеле злосторствата над Србите, не сака да ги процесуира.