СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), по стивнувањето до кое дојде во летниот период, поради делта-варијантата на коронавирусот повторно почна да се шири во светот, а не се поштедени ниту земјите од Балканот. Според последните податоци, во 11 земји од Балканот, вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 4.089.759, животот го загубија 107.026 лица заразени со Ковид-19, а оздравеа 3.915.054 лица претходно позитивни на Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19, Романија е земја со најголем број лица позитивни на коронавирусот на Балканот. Во оваа земја детектирани се 1.084.919 случаи на зараза со Ковид-19. Од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 34.316 лица, додека вкупниот број на оздравени изнесува 1.048.548 лица. Во моментов во Романија активни се 47.611 случаи, од кои 94 лица се во тешка состојба.
Србија е втора земја на Балканот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега се детектирани 725.702 лица заразени со коронавирус, од кои животот го загубија 7.139 лица, а оздравеа 711.871 лице. Во моментов во Србија се активни 6.692 случаи на зараза, од кои 12 лица се во тешка состојба.
Грција е трета земја на Балканот според бројката на лица позитивни на Ковид-19. Од почетокот на заразата досега во Грција се детектирани 514.192 лица заразени со коронавирус, од кои животот го загубија 13.048 заразени, а оздравеа 469.114 лица претходно позитивни на коронавирусот.
Во моментов во Грција се активни 32.030 активни случаи на зараза со Ковид-19, од кои 204 лица се во тешка состојба.
На четвртото место на Балканот според бројката на заразени е Бугарија. Во оваа земја досега се регистрирани 428.049 лица заразени со Ковид-19, од кои животот го загубија 18.255 заразени. Од почетокот на заразата досега оздравеа 398.887 лица претходно позитивни на коронавирусот.
Во моментов во оваа земја се активни 10.907 случаи на зараза со Ковид-19, од кои 99 лица се во тешка состојба.
Хрватска е една од балканските земји со голема бројка на лица позитивни на коронавирус. Досега во оваа земја Ковид-19 е детектиран кај 365.045 лица. Во Хрватска поради заразата со Ковид-19 животот го загубија 8.272 лица, додека оздравеа 355.542 лица претходно заразени со вирусот.
Во моментов во земјата се активни 1.231 случај на зараза, од кои 18 лица се во тешка здравствена состојба.
Најсеверната земја на Балканот се наоѓа на шестото место според бројката на лица позитивни на Ковид-19. Во Словенија досега се регистрирани 260.156 лица заразени со коронавирус, од кои животот го загубија 4.433 заразени. Од почетокот на заразата досега во Словенија оздравеа 254.243 лица.
Во моментов во оваа земја активни се 1.480 случаи на зараза, од кои 7 лица се во тешка здравствена состојба.
На седмото место според бројката на заразени на Балканот се наоѓа БиХ. Во оваа земја детектирани се 206.106 лица позитивни на Ковид-19, од кои животот го загубија 9.691 лице претходно заразени со коронавирус, а оздравеа 190.665 лица заразени со Ковид-19.
Во моментов во БиХ активни се 5.750 случаи на зараза.
Во Република Северна Македонија, каде сериозно беше намалена бројката на новозаразени, повторно во подем е бројот на лица позитивни на Ковид-19. Од почетокот на пандемијата досега, во С. Македонија детектирани се 158.025 лица позитивни на коронавирус. Поради заразеност со Ковид-19 животот го загубија 5.507 лица, а оздравеа 150.524 претходно позитивни на вирусот.
Во моментов во земјата се активни 1.994 случаи на зараза со Ковид-19.
Западниот сосед на Северна Македонија се наоѓа на деветтото место според бројката на заразени со коронавирус. Во Албанија досега коронавирусот е регистриран кај 133.912 лица, од кои животот го загубија 2.459 заразени, а оздравеа 130.418 лица.
Во моментов во Албанија активни се 1.035 случаи, од кои 3 лица се во тешка здравствена состојба.
Косово се наоѓа на десеттото место меѓу земјите од Балканот според бројката на лица позитивни на коронавирус. Заклучно со 8. август, во Косово се детектирани 109.931 лице позитивни на коронавирус, од кои поради последиците предизвикани од заразеноста со Ковид-19 починаа 2.271 лице, а оздравеа 105.757 заразени.
Во моментов во оваа земја се активни 1.903 случаи на зараза.
Црна Гора е земја од Балканот во која се детектирани најмал број лица позитивни на коронавирус, но треба да се забележи дека станува збор за земја со најмал број на жители меѓу балканските држави.
Вкупниот број на лица позитивни на коронавирус во оваа земја изнесува 103.722, од кои животот го загубија 1.635 лица, додека оздравеа 99.485 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Во моментов во оваа земја се активни 2.602 случаи на зараза, од кои 6 лица се во тешка здравствена состојба.
news_share_descriptionsubscription_contact
