Bojana Stojanovic
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
БЕЛГРАД (АА) - Заменик-претседателот на Владата на Р. Македонија, Кочо Анѓушев и министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Зорана Михајловиќ, се договорија денес дека граничниот премин Прешево - Табановце меѓу Србија и Македонија, би требало да започне со изградба во 2019 година, наместо во 2020 година, истакнувајќи дека ќе се обидат со заеднички сили да го остварат тоа, јавува Anadolu Аgency (AA).
На прес-конференцијата во Владата на Србија во Белград, по заедничкиот состанок, Анѓушев и Михајловиќ објаснија дека иако плановите се почетокот на изградбата на тој граничен премин да биде во 2020 година, денес е договорено заеднички да направат обид изградбата да започне во 2019 година.

„Имавме продуктивен состанок со Михајловиќ за инфраструктурните проекти кои ги поврзуваат двете земји и кои се важни за животот на сите граѓани на двете држави“, изјави Анѓушев за новинарите.
Тој наведе дека за време на состанокот станало збор и за Коридорот 10, нагласувајќи дека до крајот на април ќе биде завршена и последната делница која поминува низ Македонија, автопатот Демир Капија - Смоквица, кој тогаш и ќе биде пуштен во употреба.
Министерката Михајловиќ истакна дека денешниот состанок бил ефикасен, и дека брзо е постигнат договор за заедничкиот обид со изградбата на граничниот премин Прешево - Табановце да се започне што поскоро.
„Се согласивме дека без разлика што плановите се да се започне со изградба во 2020 година, треба заеднички да се обидеме да почнеме со неа во 2019 година“, рече таа.
Говорејќи за Коридорот 10, Михајловиќ рече дека ѝ е мило што последната делница која минува низ Македонија ќе биде завршена наскоро, најавувајќи дека дел во Србија, во близина на клисурата Грделица, ќе биде прооден до почетокот на туристичката сезона.
„Нам ќе ни остане одлуката за тоа дали ќе пуштиме само еден или два дела во сообраќајот, или ќе почекаме уште еден месец до два, додека сѐ биде готово“, изјави таа.

Според нејзините зборови, благодарејќи на соработката со Македонија, Србија е десетта на светската листа „Doing Bussiness“, поради што е потребно таа соработка двете земји да ја интензивираат уште повеќе, бидејќи постојат многу потенцијални заеднички проекти.
Запрашана за тоа дали Владата на Србија останува при ставот дека аеродромот во Ниш треба да биде во сопственост на Владата, по протестот на граѓаните во тој град, министерката одговори дека смета оти единствен начин, а кој воедно е и најдобар и најбрз, да се продолжи со понатамошниот развој на тој аеродром.
„Никој ништо не одзема од Ниш, нема никакви промени во врска со вработените. Од тие експерти можеби остана само возењето со авион“, истакна таа, додавајќи дека „постои обид од тоа да се направи политичка приказна“, иако таму нема политика.