Fatjon Cuka
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
ТИРАНА (AA) - Во рамките на регионална антитерористичка операција во Албанија во сабота се уапсени четири државјани на Албанија, осомничени дека регрутирале луѓе за заминување во Сирија за да таму им се придружат на терористите на ДЕАШ, како и дека ја финансирале таа терористичка организација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во антитерористичката операција која ја спроведе Антитерористичкиот одел на албанската полиција во соработка со полицијата во Тирана, Скадар, Дибри, Елбасан во оперативните сили, уапсен е Џ.Ф (34) од Дибре, Б.П (30) од Скадар, како и М.Х. (46) од Тирана. Албанските медиуми пренесуваат дека меѓу уапсените бил и еден лекар.
Албанската полиција соопшти дека апсењето е спроведено во петок по испитувањето на пет Албанци и 11 странци во рамките на регионалната полициска операција во соработка со соседно Косово и Македонија.
„Овие државјани се сомничат дека меѓусебно и во соработка со други државјани вршеле пропаганда и поттикнувале омраза, регрутирале луѓе за заминување во Сирија за да таму им се придружат на терористичката организација ДЕАШ, финансиски ја поддржувале таа терористичка организација", се наведува во соопштението на полицијата.
Тие се теретат за извршување на кривичното дело тероризам, Поттикнување на омраза и Организирање и учество во војна или оружен судир надвор од земјата, за која може да се добие доживотен затвор.
Во текот на полициската контрола во затворската единица Вакчари во Тирана, пред неколку дена се пронајдени цртежи кои содржеле симболи и пораки на терористичката организација ДЕАШ.