Балкан

Албанија: Три лица починаа поради истекување на гас

Локалната полициска управа соопшти дека постои сомнение оти лицата задушени од гасот се членови на едно семејство

Fatjon Cuka  | 14.02.2020 - Обновена : 17.02.2020
Албанија: Три лица починаа поради истекување на гас

ТИРАНА (АА) - Во градот Булќиза, кој се наоѓа во Дебарската Област во Албанија, починаа три лица како резултат на труење со гас истечен од плинска боца, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Локалната полициска управа на Дебарската Област соопшти дека постои сомнение оти лицата задушени од гасот се членови на едно семејство, а како резултат на овој случај повредено е едно лице.

„Во местото Острен во Булќиза, добиени се информации дека во стан без знаци на живот биле пронајдени Р.Т., околу четириесетгодишна жена, и две нејзини деца, ќерка и син, за кои се сомнева дека се отруени од плинска боца“, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата потврди дека во тешка животна состојба се наоѓа и друг член на семејството, кој е хоспитализиран, а продолжува истрагата за расчистување на случајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın