Fatjon Cuka
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
ТИРАНА (АА) - Поради земјотресот во некои градови во Албанија е одложена наставата во основните и средните училишта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерката за образование, спорт и млади на Албанија, Беса Шахини, на прес-конференција рече дека во областа Драч најголемите штети се и во училишните објекти.
„Во областа Драч (општините Кроја, Драч и Шијак) наставата е одложена до 9 декември. Во областа Тирана (општините Тирана, Вора, Камза, Каваја и Рогожина), и во областа Леж (општините Леж, Курбин и Мирдита), наставата ќе биде одложена до 5 декември“, нагласи Шахини, додавајќи дека во сите други области наставата повторно ќе започне на 2 декември.
Таа рече дека е завршен планот за преместување на учениците од училиштата што се многу оштетени во други училишта.
Исто така, и на некои универзитети е одложена наставата до 6 декември.
Инаку, во земјотресот со јачина од 6,3 степени, што ја погоди Албанија на 26 ноември, загинаа 51 лице, додека стотици беа повредени, а беше предизвикана и материјална штета.