Балкан

Чавушоглу: „ЕУ не успеа да се држи до зборот за Северна Македонија“

„Ние како НАТО го исполнивме нашето ветување и ве поканивме. За жал, ЕУ не успеа да се држи до зборот. Не бевте поканети за пристапните преговори, тое не е во ваша корист", рече Чавушоглу

Ayşe Yıldız  | 30.11.2019 - Обновена : 02.12.2019
Чавушоглу: „ЕУ не успеа да се држи до зборот за Северна Македонија“

АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Северна Македонија го промени своето име за да стане НАТО-сојузник, за започнување на преговорите и за да биде примена во ЕУ, при што рече дека НАТО Алијансата го исполнила своето ветување, но дека за жал, ЕУ не успеала да се држи до зборот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу имаше свое обраќање на Третиот дипломатски и бизнис турнир во голф во Бизнис-арената, одржан под покровителство на Министерството за надворешни работи на Турција, и во спонзорство на „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines).

Шефот на турската дипломатија во своето обраќање на овој турнир се осврна на членството на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ.

„Амбасадоре на Македонија, наши грчки колеги, без навреда, сѐ уште го користам името „Македонија“. Зошто? Бидејќи го менувавте вашето име. Зошто го менувавте вашето име? Со цел да станете НАТО-сојузник, за започнување на преговорите и за да бидете прифатени во ЕУ. Ние како НАТО го исполнивме нашето ветување и ве поканивме. За жал, ЕУ не успеа да се држи до зборот. Не бевте поканети за пристапните преговори, тое не е во ваша корист. Амбасадорот [на Северна Македонија во Анкара] Sвонко Муцунски соработува и навистина помага, упатувам благодарност до него“, рече Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.