Балкан, Коронавирус

Албанија: Бројот на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 34

Досега во Албанија откриени се вкупно 1.212 случаи со Ковид-19, вклучувајќи ги починатите и 910 излекувани лица

Fatjon Cuka  | 06.06.2020 - Обновена : 06.06.2020
Албанија: Бројот на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 34

ТИРАНА

Во Албанија почина уште едно лице кое беше заразено со новиот вид коронавирус (Ковид-19), при што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 34, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.

Во соопштението се нагласува дека вечерва на Инфективната клиника во Тирана почина 85-годишната пациентка заразена со Ковид-19.

Според соопштение, починатата пациентка е 34 жртва од овој вирус.

Досега во Албанија откриени се вкупно 1.212 случаи со Ковид-19, вклучувајќи ги починатите и 910 излекувани лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın