Fatjon Cuka
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Бројот на потврдени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 51 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалните податоци на Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија, во последните 24 часа биле тестирани десетици нови случаи, а меѓу заразените има и медицински персонал.
„Во последните 24 часа беа тестирани 31 сомнително лице, граѓани и медицинси работници, од кои потврдени се 9 нови случаи со Ковид-19. Досега беа тестирани 563 сомнителни случаи, од кои вкупно 51 резултираа позитивно на Ковид-19“, се вели во соопштението на ова министерство.
Во соопштението се вели дека меѓу заразените се и четворица медицински работници, кои имале контакт со еден од заразените пациенти.
Се вели дека 34 од овие случаи се откриени во Тирана, 5 во Драч (од кои еден почина), 6 во Фиер, и по 2 случаја се откриени во Елбасан, Рогожина и Лушње.
Инаку, на 11 март во Албанија од Ковид-19 почина едно 73-годишно лице.
Во рамки на преземените мерки, сите копнени влезови во Албанија од Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Грција се затворени за сите патници со автобус, минибус или возило, додека копнената граница на Албанија ќе остане отворена само за транспорт на стока.