Fatjon Cuka
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
ТИРАНА
Во Албанија починаа уште две лица како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми за 41, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се вели дека на Инфективната клиника во Тирана од Ковид-19 починаа уште две лица, 67-годишно машко и 73-годишно женско лице.
„Од почетокот на пандемијата починаа 41 граѓанин од Ковид-19“, се додава во соопштението.
Досега во Албанија откриени се 1.788 позитивни случаи со Ковид-19, меѓу кои починати и 1.086 излекувани лица.