Dzihat Aliju
22 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
БЕРАТ (АА) - Претседателот на Репубиканската народна партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу, во рамки на неговата посета на Албанија присуствуваше на поклонение организирано од бекташите на планината Томор, близу албанскиот град Берат, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај Киличдароглу, на настанот присуствуваше и претседателот на Албанија, Илир Мета, претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, министерот за животна средина и туризам, Бленди Клоси, поглаварот на Светската бекташка заедница, Едмонд Брахимај, како и локални функционери.
Киличдароглу во своето обраќање нагласи дека е возбуден поради учеството на оваа активност, и потсети дека минатата недела во Турција организирале активности за сеќавање на Хаџи Бекташи Вели.
„Денес тука расцвета правдата, братството, толеранцијата и љубовта кон човекот, кои на турскиот и албанскиот народ им останаа како наследство од Хаџи Бекташи Вели“, рече Киличдароглу.
Албанскиот претседател, Мета, нагласи дека секоја година по овој повод се собираат на планината Томор, каде што, според него, се сеќаваат на лицата што воделе борба за националните прашања на Албанија и Албанците.
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Џафери, изрази задоволство поради учеството на овој настан организиран на планината Томор во Албанија.
Од друга страна, поглаварот на Светската бекташка заедница, Брахимај, изрази задоволство поради големиот број учесници на настанот.
Во рамки на овој настан, заклани се курбани, а беше организирана и културна програма.
Киличдароглу, во рамки на неговата посета на Албанија, оствари средба со албанскиот претседател, Мета, и со поглаварот на Светската бекташка заедница, Брахимај.